Дебата за реформите во јавните набавки
„Реформи во јавните набавки со посебен осврт на текстот на законот за јавни набавки е тема на денешната дебата што ќе се одржи во Штип.
Дебата ја организираат Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери - Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија во соработка со Министерството за финансии на Република Македонија и Бирото за јавни набавки.
Ова е последниот, од низата три информативни настани од областа на јавните набавки, на тема: „Реформи во јавните набавки со посебен осврт на нацрт текстот на Законот за јавни набавки”, на која е најавено обраќање на министерот за финансии Драган Тевдовски, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска и директорот на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, Љубомир Димовски кој ќе даде краток осврт на резултатите од активностите во рамките на Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива.
На дебатата ќе бидат презентирани реформите во јавните набавки од страна на институциите, каде ќе бидат вклучени и искусни предавачи од областа. Дополнително ќе бидат презентирани и предлозите од претходните два информативни настана усогласени од страна на стопанските комори.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење