Македонија
31. October 2022 - 16:38

Дебата за ЕУ - извештајот во Собрание

Власта и опозицијата со различен поглед на европскиот Извештај за Македонија. Овој документ денеска беше единствена точка на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања, а пратениците ги судрија ставовите во однос на тоа - дали е констатиран напредок кон евроинтеграциите или не.

“Од 31 област, во пет немаме никаков напредок, во десет имаме незадоволителен напредок. Собранието е оценето пониско од сите други нституции, се злоупотребува европското знаменце...повикот да работиме заедно е хипокризија...”

Осврт на Извештајот за напредокот на Македонија даде шефот на ЕУ делегацијата во земјава. Покрај одредениот напредок во судството и борбата против корупцијата, ги детектираше и слабостите и претстојните реформи.

“Во парламентот постои политичка поларизација, која е дел од поголемата слика и сите политички чинители да ја спречат...”

Во текот на дебатата пратениците од власта и опозицијата се повикуваа на хрватските преговори како пример како најбрзо да се мине оваа фаза, но ниту на оваа тема не најдоа заеднички јазик.