Дебата „Владеење на правото како императив за стабилни и предвидливи услови за водење бизнис“
„Владеење на правото како императив за стабилни и предвидливи услови за водење бизнис“, е темата на која ќе се дебатира денеска во Стопанската комора на Македонија.
– Стопанската комора на Македонија оценува дека е дојдено времето кога треба прашањето за владеење на правото во земјава да биде предмет на разгледување и од страна на бизнис-заедницата, од причина што тоа е една од битните претпоставки која треба да биде исполнета во целост, за да можеме понатаму да се посветиме на прашањата поврзани со економијата, економскиот раст и подоброто бизнис-опкружување, а за кое е потребна поширока дискусија со претставниците на деловната заедница, научната и стручната јавност, стои во најавата.
Меѓу говорниците на тркалезната маса, информираат, се и шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава Самуел Жбогар, Антони Пешев, Глигор Бишев и други активни чинители кои имаат свој придонес во економско општествениот живот.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит

