Македонија
27. October 2015 - 9:21

Дебата на тема „Роми 2015, Роми 2020, Роми....?“

Во организација на Национален ромски центар по повод 10-годишното работење на здружението, денеска ќе се одржи дебата на тема „Роми 2015, Роми 2020, Роми....?“.

Целта на дебатата е да даде осврт на политиките и практиките кои се преземаат за прогресивна реализација на економски, социјални, културни и граѓански права на Ромите во Македонија.

Дебатата се организира со поддршка од Канцеларија за ромски иницијативи и програмата Европа за граѓаните на Европска унија.