Македонија
25. September 2018 - 16:17

Дебата: Македонија пред нова историска одлука

Со потпишувањето на Договорот од Преспа се се отвора патот кон НАТО и Европската Унија. Ќе треба да се направат болни отстапки и многу реформи на домашен план, но придобките ќе бидат огромни, нагласија учесниците на панел дебатата „Македонија пред нова историска одлука“, одржана во Домот на АРМ во Скопје.

Зборувајќи за различните аспекти од Договорот, учесниците на дебатата се осврнаа и на претстојниот референдум и неизвесните процеси кои следуваат во зависност од неговиот резултат

Содржината на Договорот го напаѓа деценискиот македонски државен континуитет преку интервенција во преамбулата на Уставот. Покрај тоа што не носи еднакви обврски за двете страни, тој содржи и правни недостатоци

Потпишаната Спогодба е факт и во правна и во политичка смисла, а мандатот за потпишување на Договорот произлегува од резолуциите на Обединетите Нации.

На панел дебатата организирана од Асоцијацијата на здруженија од безбедноста, одбраната и меѓународните односи, беше нагласено дека на Македонија и се потребни  гаранции за зачувување на суверенитетот, кои ќе ги добие со влезот во НАТО, а безбедноста на една држава е предуслов за сите останати процеси.