Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција
Дебарската територијална противпожарна единица, во првиот квартал од годинава имала 31 интервенција, што е за 20 интервенции повеќе споредено со истиот период минатата година.
- Од вкупниот број 17 се интервенции на отворен простор, 8 на објекти, две на сообраќајни средства, додека останатите 4 се технички интервенции. Во истиот период минатата година имавме 11 интервенции, што беше најмала бројка во седумдецениската статистика на нашата единица. Претходната година пак за три месеци имавме 37 интервенции, од нив дури 27 на запалени оџаци, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на единицата.
Имајќи предвид дека сè уште се наоѓаме во период на грејна сезона, Мифтароски апелира до граѓаните редовно да ги чистат оџаците, бидејќи години на ред тие се главната причина за пожари на објекти.
Исто така апелира да не се пали вегетација и да се внимава при движење на отворен простор да не се фрлаат догорчиња од цигари или палат огнови.
Четиринаесетте дебарски пожарникари, освен во општина Дебар, интервенираат и во општините Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река, но по потреба, од хуман аспект, интервенираат и во пограничниот појас на албанска страна, што е во рамки на воспоставената соработка меѓу општините, Дебар и Пешкопеја.
Ново на Сител
-
Следната недела ќе бидат познати кадровските решенија по заминување на АА од Владата
-
Мицкоски: Ако има зголемени цени, можно е враќање на замрзнатите маржи
-
Врховен суд ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Основните и средни училишта во Кочани должат 10,5 милиони мкд кон КПЈ „Водовод“
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи