Дебарските пожарникари за девет месеци евидентирале 92 интервенции

Во периодот јануари-септември годинава, дебарските пожарникари имале 92 интервенции, што е речиси идентична бројка споредено со истиот период минатата година.
- Од вкупниот број 69 се пожари на отворен простор, 14 на објекти, 8 се технички интервенции и една на сообраќајно средство. За разлика од минатото лето кога имавме пожари на отворен простор од големи размери, и со голема материјална штета, годинава такви случаи немавме. Еден од пожарите на отворен простор, сува трева, е на пограничниот појас на албанска страна, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на Територијалната противпожарна единица.
Додава дека тоа го прават секогаш кога има потреба, од хуман аспект, во договор на локалните власти на Дебар и соседната албанска општина Пешкопеја.
Четиринаесетте дебарски пожарникари освен во општина Дебар, интервенираат и во општина Центар Жупа, како и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.
МИА
Ново на Сител
-

Римокатолиците го слават Велигден
-

Сончево и топло до 22 степена
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
-

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
-

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка за да се спроведе
-

АВМУ: Партиите да не етикетираат новинари, а медиумите да ги почитуваат новинарските стандарди
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно возење
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
