Дебарските пожарникари со помалку работа од лани
Дебарската територијална противпожарна единица, која интервенира во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше, односно подрачјето на Река, во изминатиот период имала помалку работа во споредба со истиот период лани.
Ова го потврдува командирот на единицата Џетан Мифтароски, според кого евидентирани се 40 интервенции помалку во однос на истиот период минатата година. Притоа, е причинета мала материјална штета.
- Во изминатиот период од годинава сме имале 50 интервенции. Од нив 40 се пожари, речиси половина на отворен простор главно стрништа. Десет се технички интервенции. Кога станува збор за пожарите во објекти, тие претежно се во грејната сезона, а причина се неисчистените оџаци, изјави Мифтароски.
Посочува дека причинетата материјална штета е многу мала благодарение на брзата интервенција што пак е резултат на добрата опременост, кадровската екипираност и обученост на единицата.
Мифтароски вели дека во следниот период можна е појава на пожари поради високите температури и почестото излегување на отворен простор поради што упати апел до граѓаните да бидат повнимателни.
Ново на Сител
-
Почна повторното судење за модуларната болница во Тетово, обвинетите истакнаа дека не чувствуваат вина
-
Мицкоски: Нема никогаш да видите лице, ниту, пак, да слушнете и прочитате име на пациент кој сум го посетил, не го правам тоа за П.Р.
-
Владата на седница ќе ја потврди Одлуката за покривање на трошоците на двајца членови од семејствата на пациентите кои ќе се транспортираат во странство
-
Заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените во храмовите на МПЦ-ОА
-
Од денеска испраќање пациенти во Италија, Холандија и Белгија, лекарски тимови од Чешка и Израел во земјава
-
До петок стабилно време со утрински температури под нулата
-
Директорката на Одделот за изгореници на солунската болница: Тројцата пациенти се во критична, но стабилна состојба
-
Претреси во зградата на Општина Кочани, се одзема документација поврзана со „Пулс“