Дебарските комуналци го ставија штрајкот во мирување

Дебарските комуналци одлучија привремено да го прекинат штрајкот и веднаш се зафатија со собирање на насобраниот смет.
Ова следуваше по средбата на вработените со претставници на Советот на општина Дебар, предводени од претседателот Башким Машкули кои ги запознаа со одлуката донесена на денешната вонредна седница на Советот.
-Ја чувме одлуката на Советот и штрајкот привремено го ставаме во мирување. Веруваме дека конечно проблемите ќе бидат надминати и не ќе мора да го обновуваме прекинот во работата.Одлучни сме, не може ништо да не премисли, рече Далип Машкули, претставник на вработените.
Вработените бараат исплата на придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување за 11 години, зголемување на платите и подобрување на условите за работа.
Претходно, по повеќечасовната дебата на која присуствуваа и дел од вработените, Советот одлучи да го овласти градоначалникот, врз основа на законот да го реши проблемот на „Стандард“ во рок од десет дена, за што ја има целосната подршка од Советот.
-Почнавме со подигање на сметот во централното градско подрачје, а потоа ќе продолжиме и во другите делови. Ќе работиме и за викендот со цел да го исчистиме градот од насобраниот смет, вели раководителот за Секторот за комунална хигиена, Омер Цами.
На 80-те вработени на „Стандард“ од јануари 2015 година редовно им се плаќаат прдонесите,но поради заостаниот долг кон Фондот тие и понатаму не може да добиваат здравствени услуги.
Ново на Сител
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
