Македонија
7. August 2015 - 12:41

Дебар испрати механизација за расчистување во Тетовско

Со цел да се помогне во расчистувањето на теренот во Тетовско, општина Дебар испрати соодветна механизација.

- Како прва помош во справувањето на последиците од природната катастрофа што го снајде тетовскиот крај, ипративме тешка механизација, два болдужера и два камиона сопственост на претпријатието „Стар-М“, сопственост на Мазлам Хасан. Набрзо, Советот на општината ќе донесе одлука за испраќање и финансиска помош, во рамки на нашите можности, како што тоа го сторивме и за Куманово, изјави градоначалникот на Дебар Ружди Љата.

Тој од свое и од името на жителите на Дебар изрази сочувство до семејствата на настраданите.

Во меѓувреме во тек е акцијата на Општинската организација на Црвениот крст за прибирање хуманитарна помош, главно вода за пиење, прехранбени артикли и средства за одржување хигиена.

- Голем е интересот на граѓани и претставници на бизнис секторот кои даруваат помош, информира Општинската организација на Црвениот крст.