Дебар испрати механизација за расчистување во Тетовско

Со цел да се помогне во расчистувањето на теренот во Тетовско, општина Дебар испрати соодветна механизација.
- Како прва помош во справувањето на последиците од природната катастрофа што го снајде тетовскиот крај, ипративме тешка механизација, два болдужера и два камиона сопственост на претпријатието „Стар-М“, сопственост на Мазлам Хасан. Набрзо, Советот на општината ќе донесе одлука за испраќање и финансиска помош, во рамки на нашите можности, како што тоа го сторивме и за Куманово, изјави градоначалникот на Дебар Ружди Љата.
Тој од свое и од името на жителите на Дебар изрази сочувство до семејствата на настраданите.
Во меѓувреме во тек е акцијата на Општинската организација на Црвениот крст за прибирање хуманитарна помош, главно вода за пиење, прехранбени артикли и средства за одржување хигиена.
- Голем е интересот на граѓани и претставници на бизнис секторот кои даруваат помош, информира Општинската организација на Црвениот крст.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ е безбедносен императив, јасна е поддршката на Словенија и Хрватска
-

Блокиран патот Охрид - Скопје кај Ботун: Паднало дрво, автомобил излетал од патот, едно лице е повредено
-

И кравите ќе завршат во затвор: Одземениот добиток од Крива Паланка ќе биде сместен во КПД Идризово и Прилеп
-

Парното од 1 декември поскапо за 7,56 отсто
-

Кривична за Кумановец кој го полил семејниот дом со запалива течност и се заканувал дека ќе ја запали ќерката
-

Во изминатото деноноќие приведени осум возачи, седуммина управувале возило без положен возачки испит
-

Сара со модрици на лицето се појави во судот во Охрид – Корабоски не дојде, судењето одложено
-

Приведен 38-годишник и поднесена кривична пријава по брза постапка за убиството кај Смилковско езеро
