Дебар е лекција за меѓуверски соживот
Муфтијата Рамазан Хаса од Исламската верска заедница и отец Доситеј од бигорското монашко братство, одржаа лекција за тоа како различните верски заедници можат да бидат основа за живот едни со други.
Во четвртата епизода од серијалот „На Иста Страна“, е претставена историската традиција на меѓуверска почит која функционира во Дебар. За многумина од страна тоа е приказна, но за дебарчани тоа не е соживот, туку живот едни со други.
Традицијата ИВЗ и МПЦ да се посетуваат меѓу себе за големите празници, Божиќ, Велигден, Курбан и Рамазан Бајрам е само дел од мозаикот на секојдневниот живеење.
Кога во Дебар ќе отидете за да разговарате за тајната на меѓуверскиот соживот, дебарчани едноставно ќе ви одговорот дека нема тајна. Тие се на иста страна, затоа што различноста ја сфатиле како награда за животот.
Во Дебар се раскажуваат многу факти кои се основа на оваа традиција. Како на пример тоа дека во градот и околината не е оштетен ниту еден верски објект. На пример од 1913 година не е забележан случај на убиство на меѓуверска основа. Старата традиција бизнисот да го сочинуваат еден муслиман и еден христијанин е уште еден факт за кои со гордост зборуваат дебарчани.
Градоначаникот на Дебар, Ружди Љата, кој беше претходно муфтија на ИВЗ, вел дека муслиманите им ја должат почитта на христијаните уште од времето на Хаџи Веби Дибра, кој дебарчанец по потекло бил поглавар на ИВЗ во Албанија. Кога тој починал во негова чест камбаните на црквите биеле цела недела.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
