Дебар, Центар Жупа и Река вчера 17 часа без струја
Целото дебарско конзумно подрачје вчера без електрична енегија беше околу 17 часа, од 7:00 до 23:40 часот.
Претходно беше најавено дека поради технички зафати во Хидроелектраната „Шпиље“ кај Дебар, без напојување со електрична енергија поширокиот дебарски регион ќе биде од 6:00 до 19:00 часот.
-При редовен сервис на регулациска склопка на регулацискиот 110/35 киловолтен трансформатор се појави проблем за што беше потребно дополнително ангажирање. Поради тоа подрачјето остана без електрична енергија, подолго од предвденото, изјавија за МИА од ЕЛЕМ.
Дебарското конзумно подрачје ги опаќа општините Дебар, Центар Жупа и регионот на Река, општина Маврово и Ростуше, кое опфаќа над четири и пол илјади потрошувачи, правни и физички лица.
Недостигот на електрична енергија услови поголем број од институциите да не може да ги обавуваат секојдневнте работи, а граѓаните да добијат потребна услуга.
Нездоволство од долгиот прекин во снабдувањето со електрична енергија искажуваат и бизнисите, кои се жалат дека им е предизвикана материјална штета.
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава