Македонија
16. February 2016 - 8:55

Де Мистура денеска во Дамаск ќе се сретне со шефот на сириската дипломатија

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, кој пристигна во еднодневна посета на Дамаск, денеска ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Сирија, за британските медиуми изјави неименуван сириски претставник.

Американските медиуми наведуваат дека Де Мистура со сириските официјални претставници ќе разговара за последниот развој на настаните во оваа со војна разорена земја и неговите напори до крајот на месецот да дојде до обнова на мировните преговори во Женева.

Претходно овој месец, по само два дена преговори пропаднаа индиректните мировни преговори во Женева меѓу претставникот на сириската Влада и опозиција, најмногу заради офанзивата на владините сили во Алепо.