Де Коспедал: Мадрид нема да запре со претензиите кон суверенитетот врз Гибралтар
Мадрид нема да запре да ги покажува своите претензии кон правото на суверенитет врз Гибралтар, денеска изјави шпанскиот министер за одбрана, Марија Долорес де Коспедал, цитирана од ТАСС.
Де Коспедал потсетува дека и Гибралтар ќе излезе од ЕУ, откако Велика Британија ја напушти Унијата.
-Шпанија секогаш претендирала за правото на суверенитет врз Гибралтар и ќе продолжи и во иднина да претендира на него, рече министерката за шпанската телевизија.
Коментирајќи ги последните изјави на повеќето британски политичари, Де Коспедал изјави дека „од време на време се даваат изјави кои се насочени кон внатрешниот аудиториум во Обединетото кралство“.
Во Велика Британија се засилува јавната дискусија за можното блокирање од Мадрид на идната трговска спогодба меѓу Лондон и Брисел, пред се, заради територијалниот спор околу Гибралтар.
Во последните денови официјалната реторика меѓу британската и шпанската престолнина стана многу пожестока. Претходно, поранешниот лидер на британската Конзервативна партија, Мајкл Хауард, во интервју за телевизијата „Скај њуз“ направи паралела меѓу сегашните британско-шпански односи и вооружениот конфликт со Аргентина за Фолкландските острови од 1982 година.
Во последните четири години меѓу Лондон и Мадрид повторно се заостри спорот за Гибралтар, што од 18 век е под британска управа.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства