Давутоглу: Околу 70.000 сириски бегалци може да пристигнат на турската граница

Околу 70.000 сириски бегалци може да стигнат на турската граница, доколку војната во земјата продолжи со истиот интензитет, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу и додаде дека Турција нема да ја затвори вратата за бегалците.
- Се наоѓаме на прагот на нова трагедија. Но, реакцијата на меѓународната заедница на тоа што се случува во сирискиот град Алепо е недоволна. Постои ризик во Турција да дојдат околу 70 илјади наши браќа од Алепо, доколку продолжат воените дејствија. Но, ние ќе ја оставиме нашата граница отворена за нив, посочи турскиот премиер.
Давутоглу го даде овој коментар во обраќање пред пратениците од неговата партија во Парламентот.
Турција, која веќе прими 2,5 милиони сириски бегалци, ја држеше границата затворена изминатите денови, кога десетици илјади лица побараа засолниште поради сириските и руските напади во северозападна Сирија, која е под контрола на сириската опозиција.
Ново на Сител
-

Брижит Бардо ќе биде погребана покрај море
-

Две четиричасовни блокади на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони
-

Повеќе скопски општини без струја и вода поради плански зафати
-

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени
-

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала
-

Потпишување договор за заем за обнова на возен парк на ЖРСМ Транспорт
-

Грушко: Русија гледа британско влијание во „најновите провокации“ на Украина
-

Трамп го предупредува Иран за можен напад
