Кошарка
9. November 2017 - 16:19

Давитков нов тренер на Банијас клуб од Абу Даби

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков, својата кариера ќе ја продолжи во нов клуб. Неговото ново работно место е тренер на Банијас клуб од Абу Даби (Обединетите Арапски Емирати). Тој досега како тренер работеше во Ал-Шааб од Дубаи.
Давитков ќе остане и на селекторската позиција на Македонија за претстојните два натпревара од претквалификациите за ЕП 2012 година со Словачка и со Швајцарија. 
Македонскиот селектор веќе подолг период со успех работи во клубовите од Блискиот Исток.