Даштевски: Сите на избори на 5 јуни, нема да дозволиме украинско сценарио
Пораката е една од сите граѓани со кои се сретнавме во овие две недели е – сите на избори на 5 јуни. Зошто сите на избори? Никогаш во историјата на Македонија немало подобри улови.
Сите изговори на опозицијата паднаа во вода, прочистен е избирачкиот список, имаме меѓународен мониторинг, гаранција од големите сили дека ќе бидат фер, слободни и демократски избори. Затоа сите на избори на 5 јуни, тоа е пораката.
Ова вечерва го истакна Александар Даштевски, политички аналитичар, пред масовниот народен собир на ГДОМ.
-Некој сакаше овде да прави украинско сценарио. Тоа значи граѓанска војна, ние не само што нема да го дозволиме тоа туку за тоа нема услови бидејќи сите граѓани се на една страна. Овде сите се дојдени со сопствени возила, автобуси, со возови, нема странски регистрации, нема „Ајмо сада звиждаљке“, нема Грци, нема странци, овде се сите Македонци. За разлика од другата страна каде има странски платеници и домашни платеници. Поради тоа ве поздравувам сите во овој огромен број и повторно повторувам сите на избори на 5 јуни, рече тој.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

