Дармановиќ: Црна Гора е сигурна во поддршката на САД за приклучување кон НАТО

Црна Гора добила уверување дека Сенатот на САД ќе ја ратификува нејзината спогодба за присоединување кон НАТО и затоа земјата на самитот во мај очекува да стане полноправна членка на Алијансата, изјави министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ во интервју за Ројтерс.
Тој ги отфрли шпекулациите дека ратификацијата на спогодбата од страна на САД може земјата да ја направи жртва на желбата на новата американска администрација за подобрување на своите односи со Русија.
Москва се противи на ширењето на НАТО на Западен Балкан, потсетуваат британските медиуми.
Дармановиќ, кој од 2010 до 2016 година беше црногорски амбасадор во САД, изјави дека Црна Гора од двете партии во Сенатот добила уверување дека тоа „100 отсто ќе се случи“.
-Тоа (приклучувањето) се очекува да се случи на следната средба на врвот на крајот на мај, посочи тој. „Има основаност да се очекува дека до тогаш сите процедури ќе бидат финализирани“, додаде Дармановиќ.
Црна Гора минатата недела соопшти дека има докази дека структури на руската држава се замешани во претпоставениот обид за соборување на владата за време на изборите минатата година, за земјата да се спречи во намерата да се приклучи кон НАТО.
Москва ги отфрди овие обвинувања.
Запрашан што би можел да биде мотивот на Русија да се обиде да ја собори црногорската Влада,Дармановиќ одговори: „За целата јадранска и средоземноморска зона не се најде под штитот на НАТО“.
Тој додаде дека Русија со тоа се обидува да испрати порака и до другите земји во регионот, кои имаат аспирации кон ЕУ и НАТО.
-Полноправното членство во НАТО со сигурност ќе биде промена во играта за сите учесници, подвлече црногорскиот шеф на дипломатијата.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
