Живот
13. December 2015 - 20:19

Дарко откри како ќе ги потроши парите

После 100 дена поминати во луксузната куќа на „Големиот брат“ заедно со уште дваесет натпреварувачи, Дарко Петковски излезе како убедлив победник на шоуто и ја освои главната награда од 100.000 евра.

-Ова ми е прв пат во животот да се чувствувам вака, бил искрен Дарко при самото излегување од куќата. Не го криел возбудувањето, иако се уште не можел да сфати што му се случува.

Во моментите на прогласувањето на победникот кога во куќата останал сам со второпласираниот Горан Тодиќ, не размислувал за победа, туку само за убави работи, конкретно дека до него се неговото семејство и пријателите.

Veliki-brat-2015-10

-Најтешко ми беше што не можев да го видам моето семејство. Имав моменти кога сакав да го напуштам шоуто, а Ервин и Барбара беа до мене и мнгу сум и благодарен. Секој момент кој го поминав со нив ми беше најубав, рекол Дарко за српските медиуми.

Тој изјавил дека победата ќе ја прослави со најблиските, а парите ќе ги потроши за вложување во себе.

-Ќе ги остварам некои мои соништа, ќе работам на мојот личен развој, стекнување на нови искуства и патувања, рекол победникот на Големиот брат.

Veliki-brat-2015-8-Со оглед на тоа дека мојот најмал брат не е тука, прво него ќе го прегрнам, рекол Дарко, а на прашањето на кого ја посветува победата, одговорил: „На своето семејство“.

Veliki-brat-2015-11

Н смета дека сега жените ќе го сакаат повеќе, ниту дека некои работи ќе се променат само затоа што станал побогат за 100.000 евра, па за тоа имал конкретен одговор.

-Тоа нема никаква врска со тоа каква личност сум јас. Мене и без тие 100.000 ме обожаваат и жените и Тина, рекол самоуверено Дарко кој додал и дека сигурно ќе направи голема журка штом се врати дома.