Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд
Данската влада предложи купување на два нови арктички истражувачки брода и зголемување на бројот на патроли со санки за кучиња, со цел да се зајакне военото присуство на Гренланд, пренесуваат британските медиуми.
Освен тоа, владата предложи надградба на аеродромот во Кангерлусуак, поранешна американска воена база во западен Гренланд, за да се сместат борбените авиони Ф35, пренесуваат британските медиуми.
Данска веќе одвои 400 милиони долари за зголемување на активностите за надзор и разузнавање на Арктикот и во северните делови на Атлантскиот Океан со помош на дронови со долг дострел.
Претходно неделава, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека САД сакаат да ја преземат контролата врз територијата на Гренланд, која е дел од Данска. Премиерот на Гренланд ,Мут Б.
Егеде, кој се залага за нејзина независност, рече дека Гренланд мора да остане обединет, а ги повика Гренландѓаните да не паничат.
Данска има ограничени воени капацитети на Гренланд, кои во моментов вклучуваат четири бродови, авион за набљудување и 12 патроли со кучиња.
Традицијата на користење на санки за кучиња на Гренланд датира од Втората светска војна, кога патролата беше специјализирана единица на Кралската данска морнарица.
Ново на Сител
-
Тему прекинува со испорака на стоки од Кина во САД поради американските царини
-
Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
-
„Њујорк тајмс“: Украина добива нова американска помош – ракетен систем Патриот
-
Вчерашното убиство во Скопје било извршено пред 5-годишната ќерка на сопружниците
-
Кон средината на мај, Трамп во Ријад ќе се сретне со лидерите на земјите од Заливот
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24:00 часот
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга