Loading Video...
Свет
10. September 2021 - 12:35

Данска од денеска ги укинува сите корона мерки

Данска денеска ги укинува сите преостанати корона мерки и со тоа станува прва држава од Европската Унија која целосно се враќа на нормален живот како пред пандемијата.

данските власти  во август го одобрија укинувањето на сите мерки откако беше заклучено дека вирусот веќе не е закана за опшеството, а тоа се должи на вакцинирањето и на ниската стапка на сериозни заболувања и смртни случаи.

Ковид пропусницата повеќе нема да биде потребна за влез во ресторани спортски центри ноќни клубови , децата нема автоматски да се праќаат допа по контакт со заразено лице Во карантин ќе бидат смао оние кои се заразени. Училиштата се отворени, а луѓето се враќаат на работа . според податоците три четвртини од возрасните се целосно вакцинирани.