Данска ќе гради девет вештачки острови

Данската Влада го објави својот мегаломански план за изградба на девет вештачки острови на територијата на Копенхаген, кои треба да генерираат обновлива енергија.
Изградбата на проектот Холмене, во превод „Островчиња“, треба да почне во 2022 година, а се очекува првиот остров во комплексот да биде функционален за шест години.
Целиот комплекс ќе зафаќа површина од околу три милиони квадратни метри. На островите ќе се наоѓаат објекти со различни функции. Покрај постројките за производство на енергија врз основа на обновливи ресурси, во комплексот ќе има и голем технолошки центар, брана за спречување поплави, како и неколку објекти за спорт и рекреација.
Островите ќе бидат направени од 26 милиони кубици земја, која останала неискористена по изградбата на градското метро и други градежни објекти. Од овие остатоци ќе биде направена и голема брана, односно „зелени појаси“ на секој остров. Со изградбата на деветте острови, Копенхаген ќе добие и нови плажи кои се долги вкупно 17 километри.
На најголемиот од овие девет острови ќе биде изградена и нова електрана за производство на енергија од отпад. Тоа ќе биде најголемата постројка од ваков тип во Европа и ќе задоволи една четвртина од потребите на граѓаните на Копенхаген.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
