Даночните инспектори на терен
Трговците , под лупа на Управата за јавни приходи. Се прават конотрли дали тие ги прилагодиле фискалните каси на новото ДДВ за храна, кое од вчера за одредени производи е 0 проценти.
Од УЈП уверуваат дека биле навреме информирани и имале доволно време да го сторат тоа. Предупредија дека оние кои ќе се обидат да го изиграат законот ќе бидат казнети, а на граѓаните им препорачаа да си ги бараат фискланите.
Измените во ДДВ- то и кај храната, но и кај горивата, ќе го намали повратот на средства кај сите оние кои скенираат фискални сметки. Но, од УЈП уверуваат дека и покрај тоа што е кризна година, МОЈ ДДВ нема да се укине, а засега не се предвидени ниту измени во мерката.
Oд вчера лебот, брашното, млекото, белиот шеќер, маслото, оризот и јајцата во сите маркети треба да бидат 0 проценти. Претходно се направи и корекција кај ДДВ и за горивата кое се намали од 18 на 10 проценти.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар