Даниел Крег после десет години се откажа од улогата на агентот Џејмс Бонд

Англискиот актер Даниел Крег (47) повеќе нема да снима филмови за британскиот агент Џејмс Бонд, а во наредниот период ќе игра во американската ТВ серија „Purity“.
Овие информации не се големо изненадување, затоа што Крег претходно има изјавено дека побрзо би си ги „пресекол вените“ отколку да го снима петтиот филм за Бонд. Многу фанови се разочарани, затоа што имаа надеж дека ќе се предомисли.
- Побрзо би ги пресекол вените отколку да го снимам новиот филм за Бонд. Не сакам тоа да го направам и во ред е, преминав преку тоа. Завршивме, сакам да одам понатаму, изјави актерот во октомври.
На актерот не му е грижа кој ќе го замени.
- Воопшто не ми е грижа. Нека им е со среќа. Мене ми е важно дека завршивме кога требаше. Друг нека направи подобро, Крег беше јасен.
После десет години и четири филма за Бонд, Крег се подготвува за снимање на серијата „Purity“ која е базирана на романот на Џонатан Френцен. Крег ќе го игра Германецот Андреас Волф кој и помага на Американката Пјурити да си го пронајде таткото.
Се уште не е познато која компанија ќе ја емитува серијата, а кандидати се Showtime, Netflix, FX и Amazon.
Напуштањето на Крег на франшизата за Бонд се случи по заминувањето на режисерот Сем Мендез.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
