-->
-->
Даниел Кохн-Бендит би бил кандидат за претседател на Европската Комисија
-->

Поранешниот европратеник, екологистот Даниел Кохн-Бендит, е подготвен да биде кандидат за претседател на Европската комисија, но под услов листите за европратеници да бидат „транснационални“, јави дописникот на МИА од Париз.
-На момент да прекинеме да зборуваме за референдумот, тоа нема никаква смисла. Ние имаме европски избори (во мај 2019). Треба да иновираме, се заложи Даниел Кохн-Бендит на радио „Европа1“, четири дена по референдумот во Велика Британија.
Кохн-Бенедикт предлага место 27 национални избори за состав на Европскиот парламент, на кои се избираат европратеници од секоја земја, истовремено да се додаде листа од четириестина европратеници, кои ќе бидат на трансевропски листи.
-Односно, вие ќе имате и втор глас, на кој ќе гласате за европските социјалисти, европските зелени, европските фашисти, или не знам што европско, рече тој.
„На првото место на овие трансевропски листи треба да се стават кандидатите за претседател на Комисијата“, продлага Кохн-Беднит.
Во такви околности и тој би бил кандидат за претседател на извршната европска власт.
Поранешниот лидер на мај 68 и еден од наголемите поборници за европската конструкција, смета дека ваквата одлука може да биде донесена на Европскиот совет, закажан за по два месеци.
-Ако Оланд, Меркел и Ренџи сакаат да и помогнат на Европа треба да се одлучат за оваа изборна реформа и потоа да тргнеме како во 14-та (мислејќи на Првата светска војна) и да видиме што од тоа ќе излезе, заврши Кохн-Бендит.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
