Данела од Карпош: Бесплатен јавен превоз за скопјани и 250 еко автобуси
Нема повеќе да има празни ветувања, нема да има ветено – неостварено. Вратите секогаш ќе бидат отворени за граѓаните и нема да постојат ситуации каде што ќе треба со месеци да штрајкуваат и да протестираат по улиците за да кажат дека нешто не сакаат“, истакна кандидатот за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска при средбата со граѓани во општина Карпош.
Арсовска додаде дека граѓаните имаат право да одлучуваат каква иднина сакаат, и гласот на граѓаните мора да биде слушнат од градоначалниците.
„ГУП е документот со кој што ќе се трасира иднината на овој град за следните 10 години. Тој се носи во 2022 година, односно следната година и ќе биде на сила до 2032 година. Ние заедно со овој документ ќе ја исцртаме иднината не само на вашето маало, туку и на целиот град“, нагласи Арсовска.
Арсовска посочи дека скопјани ќе добијат бесплатен јавен превоз.
„Она што го кажав досега е дека исто така ќе се фокусираме на јавниот превоз. Верувам дека сите заслужувате квалитетен, удобен, навремен, но, пред се бесплатен јавен превоз. И тоа е она кое што сите вие скопјани ќе го добиете во следните години, односно од самиот почеток на мојот мандат ќе се отпочне со овој проект. А, вториот многу важен проект кој што го зборувам изминатите денови е проектот преку кој што ќе обезбедиме да нема повеќе заборавени населби во Скопје“, вети Арсовска.
Арсовска укажа дека не треба да се дозволи повеќе да има неасфалтирани патишта, не смее да се дозволи граѓаните да немаат вода за пиење, да нема фекална и атмосферска канализација.
Ново на Сител
-
Здравствената состојба на Вучиќ моментално е стабилна и задоволителна, тврди доктор Динчиќ
-
Николоски: За две и пол години од денеска ќе имаме автопат по сите прописи и стандарди
-
Најмалку 57 лица починаа во Газа од неисхранетост
-
Премиерот и лидер на австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија прогласи победа на парламентарните избори
-
Исплатени 49 658 739 денари поддршка на 761 оризопроизводител
-
Кривична против две лица, поради обид за убиство и насилство во Кочани
-
Брнабиќ: Здравствената состојба на Вучиќ е сериозно нарушена, примен е на ВМА
-
Зеленски: Киев не може да ја „гарантира безбедноста“ на светските лидери при посета на Москва