Дамјан Марковски по враќањето од Острошки Манастир: Моментот кога стигнав таму не се опишува со зборови
11 дена траеше предизвикот на Дамјан Марковски, момчето кое одлучи да пешачи повеќе од 300 -километари во знак на благодарност кон Св. Василие Острошки и подигнување на свеста за подобрување на медицинската грижа за спортистите во Македонија. Поттикнат да благодари на свети Василие Острошки за помошта во нивното семејство, Дамјан си постави предизвик пешачејќи да стигне од Скопје до Острог. Во комуникација со фондацијата Марко Божиновски, посветена на прерано починатиот македонски ракометен репрезентативец, ваквата благодарствена мисија на Дамјан доби и хуман карактер, односно се отворија линии и сметка за донација да им помогнат на млади луѓе да успеат во спортот, пред сé на тие кои се таленти, а немаат можности да инвестираат во развој на својата кариера, ставајќи акцент на здравствените контроли и потребата од здравствена нега. По завршената мисија Дамјан се врати на местото од каде што тргна, плоштадот Македонија во Скопје.
Во текот на целото патување помина повеќе од 300 километри помина низ повеќе земји и различни временски услови. Дамјан е задоволен од односот на луѓето на целото патување и нивната почит кон светиот Василие Острошки.
По цели 11 дена и многу поминати километри, на различни временски услови Дамјан стигна во манастирот Острог. Како тој самиот вели во тие моменти се почуствува нешто што не се опишува со зборови. Сликата која таму ја затекнал гледајќи луѓе како молат и спијат надвор му дава дополнителен мир и радост.
Во текот на неговиот предизвик и мисија во тек беше и можност за донирање средства преку телефонски броеви и банкарска сметка. Дамјан се уште нема увид во сумата на собрани средства но судејќи по реакциите верува дека бројката ќе биде голема и дека многу млади спортисти ќе имаат бенефит од ова.
Одзивот, поддршката и убавите спомени го мотивираат Дамјан и следната година да се одлучи на ваков чекор, со можност за поклонение и на други места со друга мисија.
Дамјан и на испраќањео и на дочекот беше пречек од неговите најблиски, а целата мисија ја пздравија и од фондацијата Марко Божиновски, истакнувајќи дека само заедно може да донесеме промени во општеството
Ново на Сител
-
Најниска температура од - 1 на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе, најтопло во Гевгелија со 7 степени
-
Изгоре сопственикот на куќата во вчерашниот пожар во Велес
-
Приведен крадец во Скопје, следува соодветна пријава
-
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен
-
Избодена девојка пред ресторан во Белград
-
Маж од БиХ скршил рампа на граничен премин со Хрватска, удрил во полициска блокада па загинал
-
Едно лице загина во пукање во американска воена база во Џорџија
-
Русија и Украина ги сменија командантите на најважното бојно поле