Дамаск: Изрелски воздушни и ракетни напади врз сириска територија

Сириската армија соопшти дека Вооружените сили на Израел денеска извршиле воздушни и ракетни напади врз територијата на Сирија.
Во соопштението се наведува дека израелски ловци во текот на ноќта бомбардирале воени позиции во реонот на Курајфа во близината на Дамаск, на што возвратила сириската противвоздушна одбрана, соборувајќи еден од авионите.
По ова, според Дамаск, од Израел кон Сирија биле истрелани ракети земја-земја, кои биле пресретнати од сириската противвоздушна одбрна.
На крајот израелски ловци истрелале четири ракети кон Сирија, при што противвоздушната одбрана уранала една од нив, додека останатите три погодиле цели на сириска територија предизвикувајќи материјални штети.
Израелската армија од своја страна одби да ги коментира ваквите тврдења на Вооружените сили на Сирија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
