Македонија
14. May 2021 - 21:16

Дали вакцинираните треба да носат заштитни маски?

Дали ова лето ќе носиме маски? Дали треба да бидат задолжителни за оние лица кои примиле 2 дози вакцина? Министерот за здравство вели дека се уште е рано да се тргнат маските.

Но докторот Никола Пановски смета поинаку. Според него маска на отворено не треба да носи ниту еден граѓанин ако има услов да држи дистанца, без разлика дали се вакцинирал или не.

Со ова темпо на вакцината, Пановски смета дека до крајот на годинава земјава би стекнала колективен имунитет. Пандемијата ќе заврши следната пролет доколу не се појават нови мутации отпорни на вакцината, вели тој.

Во меѓувреме САД ја укинаа обврската за носење заштитна маска за целосно вакцинираните лица, но остануваат задолжителни во болниците и на места каде има гужви.

Во САД до сега 2 дози вакцина примиле 117 милиони луѓе од вкупно 330 милиони.