Дали тоа што го користи Јон Фрчкоски е кокаин, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ
Почитувани,
Со голема шокираност ја примивме информацијата која се појави на социјалните мрежи каде што се гледа дека функционерот и директорот на Центарот за истражување и анализи на СДС, Јон Фрчкоски, користи бели наркотични супстанци.
Не знаеме дали e навистина тоа, но поради јавниот интерес граѓаните заслужуваат одговори.
Инаку Јон Фрчкоски е синче на Љубомир Фрчкоски, поранешен министер во владите на СДС, несуден дипломат и еден од татковците на криминалната транзиција. Неговото синче пак, Јон Фрчкоски, на прес-конференции тврдеше дека селективна правда е неправда за случајот во Кочани. Бидејќи тоа е точна констатација со која се согласуваме, јавно го прашуваме Јон Фрчкоски дали тоа што користи е наркотична супстанца кокаин?
Ако тоа е точно, дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор?
Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци?
Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција?
Сведочиме на време во кое размазените синчиња на комунистичката црвена буржоазија, која го создаде трулиот и корумпиран систем, сега без ронка срам и образ злоупотребуваат трагедии, еве што прават во слободно време.
Бидејќи селективна правда е неправда, не сакаме да веруваме дека Јон Фрчкоски и Венко Филипче ќе дадат половични одговори. Јавноста бара одговори.
Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Од 1 јули стапува забрана за движење во шумите
-
Обвинение за 54 годишник кој пијан ја тепал сопругата со чадор и ја давел
-
Во Јапонија погубен „Твитер убиецот“
-
САД тврдат дека постигнале договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина
-
Пред пратениците на 58. седница предлог-законите од Реформската агенда
-
Мерц е за „брз и едноставен“ трговски договор со САД, Макрон за „избалансиран“
-
Второ пријавување за упис во средните училишта на 30 јуни, слободни над 16 000 места
-
Стан изгоре во пожар во Делчево