Loading Video...
Свет
9. October 2020 - 16:43

Дали светските епидемиолози препорачуваат маска на отворено и кога сме сами?

Со овој пост на социјалните мрежи Министерот за здравство порача дека заштитната маска мора да стане секојдневие. Со новите препораки кои чекаат на зелено светло од Владата полицијата може да ве застане на улица и да ве казни ако не носите маска, без разлика што околу вас нема апсолутно никој.  Главниот американски специјалист за инфективни болести во повеќе наврати кажа дека тоа е чудна одлука.

Слична препорака дојде и од Светската здравствена организација.
Но македонската влада како и уште неколку во Европа и Светот не се држат до овие препораки. Покрај Македонците, маски на отворено мора да носат и Шпанците, Турците но и граѓаните на Италија, Индија и уште неколку земји од Азија.

Во одредени градови, како Париз и Брисел, маски на отворено се задолжителни само на одредени точки во градот каде што има голема фрекфенција.
Но докторите даваат само препораки, а одлуките ги носат политичари, а некои од нив, носењето маска го сметаат за патриотизам.

Носењето маски на отворено во Македонија веројатно ќе стане задолжително од понеделник. Владината седница на која се очекува да се донесе оваа одлука е закажана за во недела. Без маска ќе може да се шетаат само деца помали од 6 години.  Покрај оваа мерка, забрането ќе биде на јавен простор да се соберат повеќе од 4 лица по 22 часот а исто така на гости нема да може да ви дојдат повеќе од 4 лица.