Македонија
27. September 2022 - 21:16

Дали Ристо Пенов ќе биде единствен нов министер во Владата?

Ристо Пенов е новиот министер за локална самоуправа. Тој за Сител не сакаше официјално да соопшти дека ја прифатил министерската фотелја што му ја понуди премиерот Ковачевски, но потврди дека се веќе многу блиску до соработка. Пенов треба да го наследи Горан Милевски од ЛДП, кој минатата недела се повлече и од министер и од партиски лидер.

Но, иако веќе е извесно дека Пенов е предлог за министер неизвесно станува кога тој ќе биде избран на функцијата, особено поради последните превирање во владејчката ДУИ.

Последните информации од т.н. огнена група се дека тие не се против ДУИ илидерот Ахмети кој застана во одбрана на вицепремиерот Груби, туку дека ја спасуваат ДУИ од Груби и од судбината што ја доживеа ДПА.  Токму затоа чекаат и состанок со Ахмети.

Според брифинзи од групата, двајцата пратеници Изет Меџити и Сузана Коџаџику притисокот за смена на Груби и министри на ДУИ ќе го прават преку Собранието, па дури се споменуваат и интерпелации.

Тоа пак, може да повлече и мини реконструкција во владиниот кабиент на Ковалевски или поромени во мнозинството. Сепак, за ваквото сценарио велат упатените се уште е рано, иако не е невозможно.

Премиерот Ковачевски вели не е загрижен дека Владата ќе остане без мнозинство во Собранието. Според него, превирањата во ДУИ се внатрепартиска работа.

Откако Таравари, пак, вчера испрати порака дека Алијанса на Албанците е подготвена да разговара за влез во Владата, денеска од партијата велат дека засега остануваат во опозиција.

Заедничка власт со ДУИ за опозициската БЕСА не е опција.

Аналитичарот Алберт Муслиу пак, типува на зголемување на владејачкото мноизнство. Но, тој вели дека фракцијата во ДУИ не очекува да го промени соодносот на силите во парламентот или пак, да предизвика, некоја сериозна реконструкција во Владата.