Дали ова е најскапиот развод во историјата

Додека светот ги следи случувањата околу распадот на бракот на Анџелина Џоли и Бред Пит, во Велика Британија се одвива најскапиот развод во историјата на земјата.
Имено, 68-годишниот британски мултимилионер Ричард Каринг би можел да остане без 350 милиони фунти, кои би требало да и ги исплати на неговата 67-годишна сопруга Џеки, затоа што ја заменил за двојно помлада убавица.
Успешниот британски бизнисмен по 45 година брак ја напушти поранешната манекенка и се пресели во 32-милиони фунти вредна лондонска вила со 35-годишната атрактивна Бразилка, Патриција Мандини, со кој веќе има и син.
Разделбата меѓу Ричард и Џеки се случила уште во април годинава, но сега пред поранешната двојка претстои многу скапа бракоразводна парница, пишува „Сан“.
Милионерот ја сретнал Џеки во 1948 година на една модна ревијата, а само три дена подоцна таа се откажала од кариерата на модел за да биде со него. Тие имаат два сина - Џејми, кој е потпретседател на Европската филијала на Ем-Ти-Ви и Бен, кој е вработен во „Сохо Хаус“.
Се проценува дека Ричард „тежи“ околу 8,7 милијарди фунти, а во британските кругови е познат по луксузните забави каде редовно биле канети најпознатите ѕвезди и „кремот“ на лондонскиот ноќен живот. На отворањето на неговите ресторани редовно беше во друштво на убавици, додека неговата сега веќе поранешна сопруга медиумски не се експонираше.
Ново на Сител
-

Зеленски: Повторно го забавија „Ѕвездениот штит“, со што им се помага на Русите да нè убиваат
-

46-годишник од Кратово физички ја напаѓал и малтретирал бремената партнерка
-

Скопје во знакот на боксот: Јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“
-

Утре силен јужен ветер и температури над просекот
-

Приведени 8 возачи во изминатото деноноќие, 6 возачи управувале возило без положен возачки испит
-

Кибернапад во Швајцарија: Украдени лични и медицински податоци на пациенти и вработени
-

Студија: Кај младите што користат електронски цигари забележан пад на белодробната функција по само една годинa
-

Руската вакцина против рак даде резултати, кај првиот пациент метастазите се повлекоа
