Македонија
27. January 2022 - 16:43

Дали Османи утре ќе ги обелодени одговорите на 5+1?

Собраниската комисија за надворешна политика утре половина час пред пладне го чека шефот на дипломатијата Бујар Османи на рапорт за текот на преговорите со Бугарија.

Од Министерството за надворешни работи потврдуваат дека Османи ќе се појави на утрешната седница но не прецизираат дали ќе го покаже документот кој го бара опозицијата.

Најавениот настап на Османи се поклопува со обраќањето на бугарскиот премиер Петков во Собранието. Тој утре на барање на опозициската ГЕРБ ќе ги информира пратениците за она што го договорил со Ковачевски на заедничката владина седница на почетокот на неделава. Вчера Петков на седница на Бугарската Влада потенцираше дека бугарската позиција во преговорите целосно го заштитува бугарскиот национален интерес.