Бизнис
13. December 2017 - 20:32

Дали органското производство е поскапо?

Органското производство во преспанско – пелагонискиот регион се соочува со огромни предизвици. Побарувачката полека се зголемува, но цените на производите бавно одат надолу, што многупати ги демотивира земјоделците да преминат од конвенционално на органско производство. Кај фармерите недостасуваат информации, знаења и вештини за примена на адекватни техники и препарати, кај потрошувачите мал е бројот на здравствено свесни луѓе за придобивките од органските производи.

Не е точно мислењето што преовладува кај повеќето земјоделци дека органското производство значи и поголеми трошоци. Но, освен едукација за производителите, мора да се размислува и за едукција на продавачите и потрошувачите, вели производителот на органски јаболка, Панде Савевски.

Македонија во споредба со земјите од регионот, и особено со Европа, заостанува во производството на органска храна. Според Агенцијата за храна, само 3 % од вкупните произведени количини во земјава се органски.