Loading Video...
Македонија
23. May 2021 - 21:15

Дали не очекува мирна епидемиолошка есен?

50 проценти од граѓаните би биле вакцинирани до почеток на август, а 70 отсто  до крајот на годинава, ако имунизацијата се одвива со исто темпо како и до сега, смета доктор Никола Пановски. Според него земјава веќе има стекнато колективен имунитет, ако во предвид освен вакцинираните, се земат и оние граѓани кои го прележале вирусот. Децата засега не треба да бидат опфатени со процесот на имунизација, вели тој.

Очекува да имаме мирна есен, без голем број заразени и смртни случаи од вирусот.

Пановски упати и апел граѓаните да се вакцинираат,  бидејќи само така може да ја победиме пандемијата.

Инаку најновото истражување на Институтот за јавно здравје во Велика Британија покажало  дека и Фајзер и Астра Зенека ефикасно штитат против индиската мутација.  Според студијата, Фаjзер била 88, а Астра Зенека 60 проценти ефикасна. Против британскиот сој, Фајзер штитела 93 отсто, а Астра Зенека 54 проценти.