Дали Македонија користи шпионски системи „Пегасус“ и „Предатор“?
Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.
-Во информацијата покрај другото треба да се опфатат и следните елементи - кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти. Потоа дали и која институција ги штити граѓаните од злоупотреба на овие системи, рече Трајанов на седницата.
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на можното користење на софтверите, во април упатиле пратеничко прашање на што добиле одговор дека не е регистрирана употреба на софтверите од страна на институциите.
- После ставањето на фирмата која го произвела софтверот на црната листа, САД и кажуваат на земјава дека тоа претставува закана за националната безбедност, меѓутоа ЈО на РМ се произнесува за ненадлежно. Практично, за некои странски држави производството на овој софтвер во нашата држава е закана за националната безбедност, а за нас очигледно дека нашите институции сметаат дека тоа не е. Тоа укажува на фактот дека свесно се употребува тој софтвер и се бега од вистината или пак несвесно се употребува, а институциите не се свесни дека таков софтвер имаме и дека нема капацитет за проследување на ваквите закани, рече Ковачки.
Се очекува во Информацијата да биде дадена и оценка за казнените мерки, односно дали тие обезбедуваат превенција или треба зголемување на казните при злоупотреба на системите.
Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, МВР, но и военото разузнавање и други институции, овие информации треба да ги достават до Комисијата за надзор над работата на АНБ И АР најдоцна до 18 август годинава.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп