Дали Коце Трајановски влегува во трката за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ?
Коце Трајановски ниту потврдува ниту негира дека ќе влезе во трката за шеф на државата. Партиски извори брифираат дека тој е во игра, а на прашање на Сител, Трајановски кусо одговори да ја оставиме дилемата отворена. Кои од осумтемина кандидати ќе ја мине првата фаза, ВМРО-ДПМНЕ официјално ќе објави во вторник.
Досега само Влатко Ѓорчев и Филип Петровски јавно ги потврдија своите кандидатури, а неофицијално меѓу овие имиња ќе се најде и професорката Гордана Силјановска како надпартиски кандидат. Од опозициската партија брифираат дека останатите пристигнати кадидатури се партиски членови или симпатизери кои се помалку познати за јавноста.
Претседателскиот кандидат го крие и СДСМ. Владејачнката партија го откажа состанокот на извршниот одбор на кој денеска требаше да го стартува процесот за избор на кандидати, но и да го разгледува барањето на опозицијата за превремени избори.
Во исчекување на ставот на СДСМ, лидерот на опозициската партија во интервју за Радио Слободна Европа повторно повика на распуштање на Собранието. Мицкоски најавува победа на изборите кога и да се одржат, како прв чекор кон како што вели исправување на историските грешки направенби во изминатите 2 години.
Ние сме партија којашто е непосредна, партија од народот, од граѓаните, партија која што е честита, искрена и принципиелна. Ние не можеме да ветуваме нешто што не можеме да оствариме. Ние не можеме истовремено да бидеме патриоти во топлинки дома пред компјутери и да пишуваме статуси на социјалните мрежи, ниту пак ќе зборуваме она што граѓаните сакаат да го слушнат. ВМРО-ДПМНЕ може да вети, јас можам да ветам дека откако ќе ја добијам довербата на граѓаните, ќе сторам сè што е во моја моќ процесите да ги изменам. За мене постоела, е и ќе остане Република Македонија, а сето ова останато го сметаме за историска грешка и тука немам што да додадам и што да изгубам, вели Мицкоски
За Мицкоски членството на Република Македонија во НАТО било историска грешка. Пионот Мицкоски потврди дека е на спротивна страна од народот, на граѓаните, на прогресивните сили, на спротивната страна на целиот демократски свет. Антизападниот Мицкоски ја губи поддршката во својата партија. Се рони пратеничката група на Мицкоски, само 33 пратеници се потпошале зад барањето за распуштање на Собранието, се вели во реакцијата на СДСМ.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар