Македонија
20. January 2023 - 16:34

Дали има притисоци врз пратеници во Собранието?

Нема притисоци врз пратениците на СДСМ. Премиерот ги демантира обвинувањата на опозицискиот лидер дека криминални структури ги притискаат пратениците на СДСМ да не гласаат за предвремени избори. Од Љубојно тој порачува. Мнозинството ќе расте, владата е стабилна.

Минатиот пат требаше да киднапираат пратеник за да имаат 61, врати опозицискиот лидер на социјалните мрежи. Сега овој пат треба да им простат уште едно чудо криминали на истите криминалци кои им прават притисоци на нивните пратеници и да им закрпат мнозинство.

Во суштина главното прашање е, што ќе добијат граѓаните од поголемото мнозинство за кое говори Ковачевски. Знаеме што ќе добијат криминалците, но што ќе добие народот. Што ќе се промени? Ќе живеат ли подобро?, напиша Мицкоски.

Неговата партија и денеска го повтори ставот. Побараа од власта да престане со притисоците врз пратениците и да распише избори.

Најавата на опозицијата дека кон крајот на месецот ќе иницира гласање на доверба на Владата ги растрча политичките лидери од власта. 

Расколот во ДУИ и се погласните несогласувања од малите политички партнери во власта ги натера Ахмети и Ковачевски да бараат нови сојузници, процес кој ќе се надеваат дека ќе и донесе мнозинство при евентуално гласање за распуштање на Собранието.