Македонија
19. April 2020 - 16:38

Дали и какви последици остава Ковид-19 кај оздравените пациенти?

Ова е одделот за интензивна нега на Инфективна. Во моментот 5 пациенти со ковид 19 се борат за живот приклучени на респираторни машини. 12 други заразени поради компликациите од вирусот се на кислородна поддршка. Останатите 38 заболени хоспитализирани на клиниката се под медицински надзор....Од првиот регистриран случај на корона во земјата пред два месеци, досега 80 лица успеаа да ја победат болеста и да ја напуштат установата.

Намалување на функцијата на белите дробови, оштетување на срцето и депресија се само дел од компликациите што ги пријавувале пациенти кои го прележале вирусот. Во неколку земји во светот во тек се клинички студии дали и какви последици може да остави инфекцијата со ковид 19. Британски експерти ги анализирале податоците дека 6 од 10 позитивни на ковид 19 пријавиле губење на сетилата за мирис и вкус и проценуваат дека овие симптоми можат да бидат и долготрајни. Американски научници, пак,  утврдиле дека веќе оздравени лица кои претходно имале кардиоваскуларни заболувања, се соочуваат со неконтролиран висок крвен  притисок, додека, пак, за пушачите велат дека треба да се откажат од цигарите доколку биле заразени со ковид 19 поради проблеми со дишењето. Кај нас инфектолозите велат дека е сеуште рано за вакви проценки бидејќи од оздравените пациенти никој засега не се пожалил на други здравствени проблеми.

Светските експерти овие тези ги поврзуваат со шпанскиот грип од 1918 година кога оние што го преживелае пријавиле вртоглавици, несоница, губење на сетилата...Италијански нњвролози, пак, неодамна објавија дека за време на епидемијата на САРС од 2003 биле пријавени многу невролошки и психијатриски компликации.