Македонија
13. May 2022 - 21:17

Дали и каква одговорност треба да понесе спикерот Џафери?

Мобинг или само една жестока реакција во афект? Експертите поделени за снимката на која се слуша како претседателот на Собранието вика по вработени од обезбедувањето во Законодавниот дом.

Аријанит Џафери смета дека оставка е најмалку што спикерот може да направи.

Алберт Муслиу, пак, е малку порезервиран. Вели, прво мора да се провери автентичноста на снимката, но ваквото однесување не е за оставка.

И Џафери, но ДУИ денеска останаа недостапни за коментар за видеото кое предизвика лавина реакции во јавноста. Единствено вчера Џафери на седницата рече дека неговата реакција била изнудена.

Снимката е направена завчера по гласањето на дневниот ред. Спикерот веројатно не знаел дека микрофоните се пуштени и оти преносот се уште трае.