Македонија
17. May 2022 - 21:18

Дали ЕУ ги внесува бугарските барања во пристапниот процес за Македонија?

Институтот за европска политика упати отворено писмо до европските пратеници да ги преиспитаат ставовите кои се внесени во резолуцијата за Македонија која утре ке се најде на пленарна седница на  Европскиот парламент. Позитивно во резолуцијата е што  повторно се препорачува старт за преговорите, но во исто време во неа се внесени амандмани кои ја поткопуваат оваа позиција, воведувајки го билатералниот спор со Бугарија како услов за пристапување, велат од ЕПИ. За невладината се спорни дополнувањата во кои се инсистира на помирување врз основа на заедничката историја како и имплементација на 4 плус 1 услови на Софија за кревање на ветото.

Иницијативата на ЕПИ доби поддршка и пошироко во регионот.

Од Институтот апелираат дека усвојувањето на резолуцијата каква што е сега ке преставува преседан во ЕУ кој подоцна би можел да биде злоупотребен од другите земји членки за да ги наметнат нерешените билатерални прашања во процесот на пристапување на идните кандидати.