Македонија
9. September 2022 - 21:17

Дали енергетската криза ќе ги остави граѓаните без вода?

Со новите сметки за струја, јавните претпријатија Водовод и канализација едвај ќе издржат до Нова Година. Десет до 15 пати повисоки сметки им пристигнале за последниот месец само за електрична енергија. Со новите тарифи тие не можат да издржат уште долго и се доведува во прашање целокупното работење на претпријатијата кои обезбедуваат питка вода за секое домаќинство.  Скопското претпријатие согласно последните цени и маржа од 7,4 %, плаќа по 803 евра за киловат час што е за 13 ипол пати повеќе од она што го плаќаа до 31август. Доколку се задржи оваа цена, планираните средства согласно планот за јавни набавки за оваа година, би се потрошиле за помалку од три месеци велат од скопското претпријатие.

Енормно високата цена на електричната енергија овозможува процентна вредност на побарување од снадбувачот кон ЈП Водовод и Канализација - Скопје во вредност од околу 26 800 000евра без ДДВ за временски период од една година или 2 230 000евра на месечно ниво без ДДВ.

Иста е состојбата со јавните претпријатија Водовод и во другите градови, каде последните сметки за електрична енергија пристигнале неколку милиони повеќе од приходот кој го остваруваат. И Прилепското и Битолското претпријатие со црни сценарија за претстојниот период, велат  едвај  до нова година ќе можат да функционираат.

Според нив, неблагодарно е да се каже од сега како ова ќе се одрази сето ова и на крајните потрпшувачи кои плаќаат сметки. Според најавите конечно во   вторник добиле потврда дека ќе разговараат со претставници од владата и регулаторната комисија. Се надеваат дека ќе наидат на слух кај надлежите, во спротивно им се заканува тотален колапс на сите јавни претрпијатија.

Додека македонските претпријатија молат за помош, Државите од регионот и Европа веќе излегоа со конкретни мерки  поради скапата електрична енергија. Хрватскиот премиер најави ограничување на цените и од 1 октомври до 31 март домаќинствата ќе плаќаат 59 евра за мегават час за потрошувачка до 2.500 киловат часови, а во просек 88 евра за поголема потрошувачка. Во категоријата домаќинства се префрлаат градинките, училиштата, факултетите, пензионерските домови, невладините организации, верските здруженија, општините и градовите, а за нив универзалната цена ќе биде 62 евра за мегават час.

Во Австрија, Владата ќе доделува енергетски ваучер од 150 евра, субвенции за енергија,  даночно ослободување заелектрична енергија во Чешка, енергетски ваучери за граѓаните во Франција, помош за ранливите категории во Германија и нама,лување на цените за половина, даночно ослободување за фирмите во Италија се само дел од низата мерки со кои Владите во Европа ќе ја ублажуваат  претстојната криза.