Дачиќ: Значителен е придонесот на ОБСЕ во политичкиот процес во Украина
Претседавачот со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и српски министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ вечерва изјави дека ОБСЕ придонесе за создавање на услови за продолжување на политичкиот процес во Украина.
Тој посочи дека е задоволен што на крајот од годината може да констатира дека примирјето во Украина веќе со месеци е одржливо и оти ОБСЕ ја исполнува својата мисија - создавање на услови за продолжување на политичкиот процес.
Дачиќ на прес-конференцијата во рамките на 22. Министерски состанок на ОБСЕ во Белкград, истакна дека Србија која и самата поминала низ конфликти, свесна е колку е клучно каналите за комуникација меѓу страните во конфликтот да останат отворени.
- Знам колку е важен процесот на политички преговори, колку и долго да се водат, бидејќи само тоа води до трајни и одржливи решенија. А, се состои од мали, но конкретни чекоти, од кои секој е значителен, посочи Дачиќ, додавајќи оти ОБСЕ направил низа чекори од кои секој е значителен.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата