Дачиќ: Србија е решена да се приклучи кон ЕУ независно од проблемите на Унијата
Србија е решена да се приклучи кон ЕУ независно од проблемите на Унијата, но нема да направи ништо со што ќе ги изложи на ризик добрите односи со Русија, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во интервју за Ројтерс, пренесува БТА.
Српската Влада започна преговори за членство во ЕУ во декември минатата година и се надева дека ќе ги заврши до 2019 година, но социолошките студии покажуваат дека Србите се повеќе се скептични за придобивките од членството, со оглед на болните економски преструктуирање што се бараат, забележува Ројтерс. Годините на криза во еврозоната и референдумот во Велика Британија во јуни за тоа дали земјата ќе го напушти блокот исто така го нарушија имиџот на ЕУ, наведува Ројтерс.
Очигледно ЕУ има проблеми. Нема меѓународна институција без проблеми во функционирањето, изјави Дачиќ. Врските на Србија со Русија, со која споделува словенска и православна историја, и нејзините односи со Кина, нема да настрадаат од плановите на Белград да се приклучи кон ЕУ, увери тој. Србија нема намера да прави чекори кои ќе го загрозат нејзиниот пат кон ЕУ, но исто така нема да прави чекори кои би можеле да ги загрозат нејзините врски со традиционалните пријатели, вклучувајќи ја Русија, истакна Дачиќ. ссм/нд/17:03
Ново на Сител
-
Утре локални врнежи од дожд, повремено и поројни
-
Пронајдени шест мигранти, од кои еден е малолетник - уапсени две лица од Турција
-
Две пријателки кои патувале со лет од Париз криумчареле луксузни чанти во куфери
-
Мицкоски: Огромен профит на грбот на граѓанинот е неприфатливо и нема да биде толерирано
-
Кривична за поранешен помошник министер и раководител во МВР за незаконски јавни набавки
-
„Часовникот на судниот ден“: Светот е опасно блиску до пропаст
-
Лишени од слобода крадци во Пробиштип
-
Никотинските ќесички и понатаму главен тренд кај младите, а за ризиците по здравјето малку се знае