Дачиќ: САД нема да ја играат водечката улога во дијалогот со Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, најави дека Соединетите држави нема да преземат водечка улога во дијалогот Белград – Приштина.
Дијалогот ќе го води Европската унија, но САД ќе сакаат компромисното решение за Косово да се користи на претстојните претседателски избори во земјата.
Првиот дипломат рече дека двапати разговарал со американскиот советник за национална безбедност Болтон и дека никогаш не прецизирал дали неговата земја ќе ја поддржи поделбата на Косово или има некој друг концепт.
„Соединетите држави ја поддржуваат нашата желба да постигнеме компромис. Ова е огромна разлика, бидејќи претходните администрации не сакаа ниту да зборуваат за тоа и рече дека прашањето е затворено“, нагласи Дачиќ.
Потсетуваме дека порано косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека пријателството со западните сојузници е вечно.
Нашите односи со партнерите се засноваат на искреност, а не на потчинување. Благодарение на ваквите посебни односи, Косово создаде своја армија и беше спречен распадот на земјата, рече Харадинај.
Основањето на косовската армија, Србија го сфаќа како предизвик. Тензиите меѓу двете земји откако беа подигнати царинските давачки на Косово врз српската стока, која го изгуби овој значаен пазар за српската економија.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
