Македонија
11. July 2017 - 16:52

Дачиќ повторно се кае за признавањето на Македонија под уставното име

Сметам дека Србија направи грешка пред 20 години кога го призна Скопје под името Република Македонија. Тоа не беше коректно кон Грција, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ по вчерашната средба во Атина со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.

Дачиќ додаде дека „Скопје секогаш имало негативен став кон прашањето за Косово и Метохија“. Српскиот министер нагласи дека неговата земја нема да презема никакви чекори кои би можеле да ја нарушат стабилноста во регионот и оти Србија „за разлика од некои други народи, нема територијални претензии кон делови на Грција“.

– Тие ја признаа независноста на Косово и гласаа за прием на Косово во УНЕСКО, рече Дачиќ.

Македонија молчи на оваа последна изјава на српскиот шеф на дипломатијата.

Ваква слична изјава Дачиќ даде и во јануари годинава, нагласувајќи дека жали за признавањето, бидејќи Македонија го признала самопрогласеното Косово. Веднаш потоа во Србија осамнаа сообраќајни табли со референцата БЈРМ, исто како и на признаниците за патарина. Реагираше македонското МНР – оваа недлоследност треба веднаш да се корегира, побара Никола Попоски.

Во декември 2015, Македонија побара од Србија да ги отстрани сообраќајните ознаки на автопатот на Корисодорот 10, на кои стоеше БЈРМ.

Под Уставно име, Македонија е призната од 133 држави, меѓу кои се САД, Русија и Кина, 16 земји членки на ЕУ како и сите попранешни земји од СФРЈ. Под Уставното име Македонија не е призната од Албанија.

Членка на ОН сме од 1993 година, како 181 членка под привремената референца ФИРОМ, поради противењето на Грција.

Тогаш Дачиќ побара взаемно коректен однос – ако Македонија протестира заради патарините, ние треба да протестираме заради Косово и гласањето за Унеско. Ако не се сложуваат со БЈРМ, што не ги напуштат ОН, ОБСЕ, Советот на Европа и состаноците во ЕУ- праша Дачиќ.