Дачиќ: Патот на Косово и Каталонија е идентичен
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ истакна дека, Србија оценува оти едностраното прогласување независност на Каталонија нема никаво правно дејство и укажува на тоа дека постои сличност со едностраниот акт на Косово.
- Србија го поддржува територијалниот интегритет, суверенитетот и тој акт не се во согласност со шпанскиот Устав. За разлика од тоа како другите земји реагираа на едностраното прогласување на незавиноста на Косово, Србија е принципиелна и исто така не прифаќа какви било унилатерални акти каде било во светот, вклучително и за Каталонија. Нашата позиција е целосно јасна, нагласи Дачиќ.
Српскиот министер за надворешни работи наведе дека, сличноста меѓу Каталонија и Косово постои во една основна работа - дека станува збор за едностран чекор, унилатерално прогласување на независност.
- Патот на Косово и Каталонија е еден и ист, проблемот е во тоа што во тој случај големите сили не ја поддржуваат Каталонија, а во случајот со Косово имаа друг интерес. Наместо светот да се базира на тоа што сакаат или не сакаат големите сили, треба да се основа на меѓународното право, истакна Дачиќ.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка