Дачиќ: Многу тешки разговори, согласност за примена на договореното

Во Брисел доцна синоќа завршија разговорите меѓу српскиот и косовскиот премиер Александар Вучиќ и Иса Мустафа со високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека тоа биле многу тешки разговори и дека е постигната само согласност за примена на се што е договорено во Бриселскиот договор, пренесе Танјуг.
Дачиќ не соопшти детали од разговорите. Пред новинарите тој кажа дека биле разгледани и други теми, како членството на Косово во меѓународни организации, но дека не е постигнат никаков договор.
Во соопштението од кабинетот на Могерини се посочува дека двајцата премиери потврдиле дека остануваат посветени на примената на сите претходно постигнати договори, дополнува Танјуг. сд/нд/09:15
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
